Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени.

Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава.

Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2024 05:17