Десанка Илова е нов раководител на Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес. Станува збор за 39-годишен дипломиран економист со осум ипол години работно искуство во Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес.
Таа е назначена за раководител со овластување од страна на директорот на Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Сашо Клековски, на 1 август. Илова доаѓа на местото на досегашната раководителка Валентина Делиманчева Андреева, која е дипломиран правник.
Илова најави дека ќе се залага за издавање на навремена, квалитетна и ефикасна услуга на здравствените осигуреници при остварување на нивните права