Шумската полиција од Велес од денеска има нов командир, Борче Коцев од Лозово, инженер за заштита на животна средина со диплома од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој веќе 15 години работи во Шумската полиција Велес.

Коцев денеска го потпиша и прими решението, кое деновиве за време на годишниот одмор му го испрати министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. По вчерашното завршување на годишниот одмор, Коцев од денеска е на работа и веќе ја презема функцијата.

За негов заменик-командир е назначен Горан Тодоров, досегашниот командир на Шумската полиција Велес.

Коцев за МИА најави засилени акции на Шумската полиција од Велес на поширокиот регион од Велес и Велешко, со општините Чашка и Градско во насока на заштита на шумите, како и засилени активности за навремено откривање и спречување на дрвокрадците во бесправната сеча на шумите во овој поширок регион.

Шумската полиција од Велес има околу 15 вработени.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2024 03:46