По објавите дека Собранието на седницата одржана на 13 август 2024 година ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата се во редовна постапка на усвојување и се поминати на двете матични работни тела на Собранието.
Тоа се, како што појаснува МЖСПП, Комисијата за транспорт, дигатална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија на Собранието, кои констатираа дека предлозите се прифатливи.
- Предлозите поминаа и прво читање на пленарна седница на Собранието и се во понатамошна постапка во матичните работни тела на Собранието, се вели во соопштението