Амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Андраш Клајн, во придружба на дипломатскиот претставник Габор Радеши остварија постеа на Гостивар. Унгарската делегација имаше средба со вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани и неговите соработници на која се разговарало за можностите за директна соработка на повеќе полиња.

- Чест е што дипломати од ова ниво имаат интерес и обѕир кон нашиот град. Решивме да развиеме интензивна соработка, особено во културата, меѓу нашиот град и Унгарија. Сè е подобро со добри пријатели, рече Лимани.

Од службата за информирање на општина Гостивар посочија дека на средбата се разговарало за отворање на можностите и идна соработка на полето на евроинтегративниот процес на земјава, како и можноста за соработка со унгарски општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2024 18:17