Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати, пет се ставени под контрола, а активни се 17 пожари. По два активни пожара има во општина Македонски Брод, кај „Јасен“ - Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец - Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на охридска територија кон месноста Војтино, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има и во општините Долнени, Новаци, Валандово, Пласница, Дебар, кај село Гари, Чашка, Македонска Каменица, Василево, општина Сарај, кај село Кондово, во Гевгелија и два пожара има во Струга, кај селата Велешта и Долна Белица и кај Мороишта и Мислешево.
ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата.
Под контрола се ставени два пожара во општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.
Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново - Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, општина Желино, кај село Чифлик, во општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија