По повод Денот на Армијата - 18 Август, во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови, по 18:00 часот, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2024 04:20