Американецот Френсис Тиафо ноќеска во полуфиналето на турнирот во Синсинати го совлада Данецот Холгер Руне, во три сета 4:6, 6:1 и 7:6 (7:4).

Мечот траеше 2 часа и 11 минути.

Дваесет и шестгодишниот Тиафо сервираше 13 аса, направи 1 двојна грешка и реализираше 3 од 6 брејк топки. Неговиот противник имаше 12 директни поени од сервис, 8 двојни грешки и 2 конвертирани брејк топки од 6 шанси.

Тиафо во финалето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, кој претходно го совлада Александар Зверев (7:6 (11:9), 5:7 и 7:6 (7:4)).

Награден фонд на на Мастерсот во Синсинати (САД) изнесува 6,8 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2024 13:32