Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи - Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното.
Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува кога полната месечина е на перигеј, а „микромесечината“, т.е. апогеј се нарекува она кога таа изгледа најмала.
За четири месеци по ред ќе имаме четири „супермесечини“ - појава којашто се нарекува „сина полна супермесечина“.
Месечината е оддалечена од Земјата, во просек, околу 384.000 километри, но вечерва растојанието ќе биде 23.000 километри поблиску. Ако небото е ведро, покрај „сината супермесечина“, ќе бидат видливи и Сатурн и неговите прстени, но, со двоглед или телескоп.