Кавадарци сака обиколница од околу 14 километри што би го забрзала развојот на општината и регионот, бидејќи дневно низ градот поминуваат околу илјада тешки товарни возила или шлепери, што минуваат низ над седумдесет проценти од градските улици. Со обиколницата што би чинела неколку милиони евра, би се влијаело позитивно врз екологијата и безбедноста во сообраќајот, а и жителите нема да бидат вознемирувани. Таа би почнала од по Неготино кон Кавадарци и би завршила кон Витачево, би имала големо значење и за идниот граничен премин кон Грција.

За овој голем капитален проект беше разговарано денеска на работнаta посета што ја остварија заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и пратениците од оваа општина. Беше извршена презентација на предлог-проект за оваа инвестиција.

- Обиколницата треба да помогне во подобрување на условите за бизнис и комуникација, во растoварување на сообраќајот во градот, во перспектива да отвори сериозни можности за развој. Заеднички се договоривме јавното претпријатие за државни патишта да пристапи кон проектирање што треба да заврши во најбрз можен рок. Се договоривме исто така од буџетот на Република Македонија да се определат средства, со цел оваа обиколница да се заврши. Не би сакал да давам рокови, но она што можам да го кажам е дека ќе направиме се, во текот на овој прв мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, оваа обиколница да се заврши, подвлече Николоски.

За таа цел, Николовски рече дека утре на седница на Владата ќе поднесе информација за ова и ќе предложи заклучоци со кои ќе се задолжи јавното претпријатие да направи проектирање на оваа заобиколница во соработка со Општината. Потоа да се пристапи кон изнаоѓање на средства и изведувач.

Беа посетени неколку улици што се реализираат со поддршка на проектот што го води Министерството за транспорт преку Светска банка. Николовски најави дека идната година преку средствата што ќе ги добие општината ќе има сериозни инвестиции.

Јанчев рече дека Кавадарци како втора општина по територија во Македонија, со два процента невработеност и втора со учество во бруто домашниот производ, е меѓу подобрите општини со инфраструктура, се работи на стратешки поголеми проекти. Тој ја најави и гасификацијата на градот.

Трајановски исто така ја поздрави иницијативата за обиколница



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2024 14:45