Општина Ѓорче Петров за учебната 2024/2025 година обезбеди ранче и прибор за секое прваче во сите шест основни училишта.
-Како и минатите две години, општината повторно им излезе во пресрет на родителите кои имаат прваче, со што на овој начин, финансиски им се олесни во однос на трошоците кои ги имаат за нивните ученици, информираат од Општина Ѓорле Петров.
На овој начин, додаваат оттаму, повторно покажуваат грижа и за најмладите граѓани кои, како што велат, возбудено го чекаат првиот школски час.
-Летниот распуст го искористивме за санација на делови од училиштата каде што имаше потреба од интервенција. Последно, ги обновивме ѕидните површини на ООУ "Мирче Ацев", информирал градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој додал дека општината е целосно подготвена за старт на нова учебна година во сите основни училишта.