Хамилтон не очекува Мерцедес да се бори за титулата оваа сезона.

Британецот смета дека тимот изгубил премногу бодови на почетокот на сезоната, па и трите победи на последните четири Гран при не дозволуваат да се зборува за шансите за трофејот.

- Фактот дека има прилично тесна борба и во индивидуалниот шампионат и во шампионатот на конструктори е одлична вест за Формула 1. Неколку навистина квалитетни тркачи се борат за највисоките места. Со начинот на кој започна оваа сезона за Мерцедес, никогаш не очекувавме дека на крајот ќе се бориме за позиции со ривалите Мекларен и Ред Бул. А по продолжението на првенството не чека интересна борба. Шансите на Мерцедес за титулата? Не, би било преоптимистички да се мисли така. Но, ако можеме малку подобро да ги започнеме тркачките викенди, тогаш Мерцедес може да има шанса да ја продолжи својата успешна серија, изјави Хамилтон.

Хамилтон со 150 бодови е на 6.место во поредокот за возачи во Формула 1 шампионатот. Лидер е Макс Верстапен со 277 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2024 15:16