Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден. Во рамки на градежните работи извршена е изградба и асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри, информираат денеска од Општината.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во работните активности на терен и истакнал дека изградбата на оваа улица е од големо значење за секојдневното функционирање на локалните компании кои гравитираат во тој дел на економската зона.

Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден, најавуваат оттаму, и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2024 15:22