Италијанскиот тенисер, Јаник Синер проговори за состојбата со повредата пред финалето на турнирот од серијата Мастерс во Синсинати.

Првиот рекет во светот вечерта на 20 август ќе игра против Американецот Френсис Тиафо.

-Нема да ризикувам пред УС Опен. Треба да откријам што точно ме мачи во моментов. Бидејќи тоа е малку поинаков проблем од порано. Дефинитивно ќе го проверам по турнирот во Синсинати. Главната работа за мене е да останам во добра форма пред Гренд слем турнирот. Имам шест дена да се опоравам, изјави Синер на прес-конференција.

УС Опен ќе се одржи од 26 август до 8 септември



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2024 04:10