Граѓаните на Сан Франциско. САД, сѐ повеќе се жалат дека самоуправувачките робот-такси возила не можат да паркираат и поради тоа, постојано се слуша свирење со сирени - честопати и цела ноќ.

Кога робот-такси ќе наиде на пречки, тие забавуваат или целосно застануваат, чекајќи да се отстрани пречката. За да привлечат внимание на проблемот, тие испуштаат кратки звучни сигнали коишто укажуваат на нивното присуство и чекањето. На почетокот на околните жители „им биле смешни“ робот-возилата коишто „се расправаат“ на паркинг, но постојаната бучава веќе станува извор на иритирање и вознемиреност.

Според некои стручњаци, во многу блиска иднина, самоуправувачките електрични возила нема веќе да ги вознемируваат луѓето.

Калифорниската компанија „Вејмо“ призна дека „несовршените алгоритми“ го предизвикуваат проблемот. Инженерите веќе работат на прилагодувањето на софтверот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2024 04:49