Зголемена е фреквенцијата на наплатната рампа Романовце, сместена на коридорот 10 во екот на туристичката сезона, информираат од Јавно претпријатие за државни патишта. Оттаму велат дека поголеми задржувања на оваа наплатна рампа и покрај големата раздвиженост летово.

- Во летниот период вообичаено е зголемена фреквенција на возила од сите категории на сите наплатни станици, а посебно на Романовце, бидејќи е на Коридорот 10 и води кон туристички дестинации. Наплатната служба со сите расположливи средства и можности се труди да го намали метежот и до овој момент поголем метеж немало и нема подолги задржувања, велат од ЈПДП во изјава за МИА.

Од први јануари годинава до 31 јули годинава поминале над 3,1 милиони возила од сите категории, а лани во истиот период 2, 9 милини возила. Од 1 мај до 31 јули, просечно поминале 17.784 возила од сите категории. Постепено расте наплатат со електронски уреди, за три проценти, но, сепак граѓаните преферираат да плаќаат со готовина.

- Годинава од први јануари до 31 јули поминале 3.164.673 возила од сите категории што е за 202.816 возила повеќе во однос на 2023 година. Од нив, со МKард поминале 12.3 проценти, со МТаг 8, 3 (или со електронски уреди 20.7). Во кеш платиле 63.7 отсто и е намалување за 3,5 проценти, додека со банкарска картичка, процентот е приближно како и во 2023 и изнесува 13.3%. Прекршочни билети учествуваат со 0.329 проценти, велат од ЈПДП.

Лани за истиот период поминале 2.961.857 возила. Од нив, со МКард учествувале со 10.4 проценти, со МТаг 6.9 или вкупно со ел.уреди 17.4 отсто. Во кеш платиле 67.3, проценти и со банкарска картичка 13.15%. Како прекршочни билети односно оние кои не платиле патарина се 0,3 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2024 15:31