Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите - ОДАС од Град Скопје бара до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава.
Во допис до медиумите ОДАС укажува дека „нефункционалниот и несигурен јавен превоз може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет“.
-Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. Недостигот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти. Од Градот Скопје бараме да се посветат на решавање на овој проблем до септември, односно до почетокот на академската година, при што ќе се обезбедат безбедни и функционални автобуси и ќе се обезбеди навременост на линиите, пишува во реакцијата на ОДАС