Во штипската населба Света Недела денеска се асфалтираше крак од улицата „Шести Април“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека со години жителите во овој дел се движеле по неасфалтирана улица, а досега проблемот не бил решен поради нерешени имотно-правни односи.

- Oвде после долги години се асфалтира пристапот, којшто претставуваше проблем на овдешните жители, заради нерешени имотно- правни односи, требаше најпрво да го завршиме овој процес на дел од земјиштето, каде што треба да поминува овој пристапен пат, за да еве конечно се асфалтира и да се овозможи нормален пристап до неколку домаќинства, коишто живеат на овој дел од градот. Како што напоменав, децениски проблем до пристапите на неколку домаќинства, изјави Јорданов.

Посочи дека од буџетот на општината се потрошени околу половина милион денари, а асфалтирањето на улици во текот на денешниот ден ќе се продолжи и во централното градско подрачје на улицата „Страшо Пинџур“.

-Денес ќе продолжи да се работи на повеќе позиции, а од овде ќе се продолжи со асфалтирање во центарот на градот на улицата „Страшо Пинџур“ и ќе се искористат максимално временските прилики за да она што го говориме, Штип е големо градилиште, за да во најкраток временски рок се урбанизира и модернизира нашиот град и правилно да се потрошат парите на граѓаните во ифраструктура, онаму каде што ќе создадеме вреднос, која што граѓаните ќе ја ценат, вели Јорданов.

На улицата „Шести Април“ ќе биде поставено улично осветлување, изминатиот период во овој дел на населбата Света Недела се поставија и детски реквизити



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2024 18:32