Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се произнесе за позитивните допинг тестови на светскиот рекет број еден Јаник Синер.
Претходно беше објавено дека Италијанецот во март годинава дал два позитивни допинг теста за присуство на клостебол во телото.
- Разбирам дека играчите се фрустрирани од недостатокот на конзистентност. Гледаме недостаток на стандардизирани и јасни протоколи. Можам да ги разберам чувствата на многу тенисери кои се сомневаат дека се третирани подеднакво, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред УС Опен.
Претходно, Австралиецот Ник Кирјос и Канаѓанецот Денис Шаповалов го изразија своето незадоволство од прогласување на Синер за невин и покрај двата позитивни допинг теста.