Лос Анџелес лејкерс размислува да го придобие кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, објави „Bleacher Report“.

Дваесет и петгодишниот кошаркар раководството на Лејкерс го смета за замена за 39-годишниот Леброн Џејмс кога Американецот ќе се пензионира.

Во НБА-сезоната 2023/24, Дончиќ одигра 70 натпревари во регуларниот дел од сезоната, со просек од 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции. Во плеј-офот словенечкиот кошаркар имаше 22 меча, 28,8 поени, 9,5 скока и 8,1 асистенции во просек по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2024 04:36