Жителите на село Возарци добиваат спортска сала, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
- Во завршна фаза е изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400м2 која ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште „Страшо Пинџур“. Се работи за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет", соопшти градоначалникот.
Тој додаде дека локалната самоуправа подеднакво води сметка како за урбаните, така и за руралните средини во општината Кавадарци.