Меморијалниот натпревар за Дражен Петровиќ ќе се одигра во Загреб на 5 септември. На ревијалниот натпревар ќе настапат екипи составени од хрватски и европски ѕвезди. Селектор на европската селекција ќе биде Жељко Обрадовиќ.

Меѓу учесниците на натпреварот се и кошаркарите од НБА, Бојан Богдановиќ (Бруклин), Дарио Шариќ (Денвер) и Ивица Зубац (Клиперс).

На терен ќе излезат и пензионираните Дамјан Рудеж и Гордан Гиричек.

Натпреварот се одржува во чест на двократниот европски шампион и неговиот придонес во кошарката.

Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година на 28-годишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2024 14:39