Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите.

- Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на над 1880.

Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот "Монитор". Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со 44%, Пустец и Рогожина со 43%.

Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.

- Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа Дропул за 135%, Химара со 45% , Саранда со 11%. Во Тирана бројот е повисок за 7,3%, наведува "Монитор".



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2024 04:14