Шампионот од 2020 година Доминик Тим се прости од најспецијалниот терен во кариерата – „Артур Еш“ откако го одигра последниот меч на УС Опен и воопшто на Гренд слем.
Тим загуби од минатогодишниот полуфиналист Бен Шелтон во првото коло со 4-6, 2-6, 2-6 за 1 час и 52 минути, но поважна беше шансата да има последен настап на големата сцена.
Австриецот одамна објави дека 2024 година му е последна во професионалниот тенис и позитивно е што УС Опен му додели „вајлд-карта“.
За Шелтон успехот е речиси протоколарен, откако ќе мора да се бори за да остане во топ 15, бидејќи мора да одбрани 670 поени за АТП рангкингот.