ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре автобусите ќе возат по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
На ден 28 август, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
- Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, известуваат од ЈСП Скопје.