На последната седница на Советот на општина Гази Баба, членот на Советот Марија Ѓошевска која доаѓаше од редовите на Левица ја напушти партијата и изјави дека ќе делува како независен советник кој ќе го поддржува развојот на општина Гази Баба.
Изминатите денови претставници од политичката партија Левица, соочени со фактот за незадоволство во своите редови кои се последица на деструктивното однесување на раководството на партијата, обвинуваат дека одлуката на советникот Ѓошевска е предмет на политички пазар нешто што е целосна лага.
Вистината е следна:
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” имаат стабилно мнозинство во Советот на општина Гази Баба кое го сочинуваат 16 од вкупно 27 советници, што самото по себе говори дека на мнозинството не му се потребни дополнителен број на советници.
Дадов јавна поддршка на одлуката на советничката Ѓошевска бидејќи таа ја препозна мојата визија која носи напредок и развој на општина Гази Баба во секоја област.
Доказ за тоа е и фактот што пред неколку месеци и член на Советот од советничката група на СДСМ ја напушти партијата и делува како независен советник кој ги поддржува проектите кои се реализираат за доброто на граѓаните.
Времето на политички пазари заврши со заминувањето од власт на коалициониот партнер на Левица, СДСМ.
Денес избраните советници во општината го поддржуваат напредокот и развојот кој е историски за Гази Баба.
Од првиот ден кога дојдов за градоначалник, подадов рака кон секој еден член на Советот со цел заедно да работиме и да ја изградиме општина Гази Баба во урбанистички развиена, инфаструктурно уредена и зелена општина и од таа моја заложба нема да отстапам до последниот ден.
Бобан Стефковски