Во рамки на градежната експанзија која се одвива во Општина Илинден денеска е извршено асфалтирање на улица „13“ во населба Илинден во должина од околу 300 метри, и широчина 4 метри. Покрај асфалтирањето со градежните работи на улицата се опфатени и одведување на атмосферските води.

Во текот на асфалтирањето беше присутен на терен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски пришто рече дека со реализација на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта многу улици се реконструирани и асфалтирани. Една од нив е и оваа улица која е од огромно значење за жителите во овој дел на општина, особено што ги поврзува улиците „19“ и „9“ и поминува покрај Домот на култура „Илинден“.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 04:44