Денес е посебен ден за нашите најмали – првиот училишен ден!

Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура.

И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.

Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет - порача Градоначалникот, Александар Стојкоски.

Среќен почеток, драги првачиња!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 18:34