Саудиските прволигашки фудбалски тимови продолжија да се засилуваат со истакнати европски играчи.

Ал-Итихад ги доведе холандскиот репрезентативен напаѓач Стивен Бергвијн од Ајакс и португалскиот одбранбен играч за врска Данило Переира од ПСЖ, додека вицешампионот Ал-Наср го ангажираше поранешниот млад француски репрезентативен дефанзивец Мохамед Симакан од РБ Лајпциг.

Ал-Итихад плати отштета од околу 21 милиони евра за 26-годишниот Бергвијн, додека обесштетувањето за 33-годишниот Данило не е објавено.

Според германските медиуми, Ал-Наср платил 45 милиони евра за 24-годишниот Симакан.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2024 04:27