Македонската фудбалска репрезентација мотивирана со победа да стартува во Лигата на нации ги продолжува мини подготовките во Скопје пред воведниот натпревар од групата Ц4 против Фарски острови на гостински терен овој викенд.
Репрезентативецот Исник Алими посочи вечерва дека целта на гостувањето во Торшавн е освојување на трите бодови.
„Наша цел се трите бода и тоа е сè што не интересира. Имаме добри фудбалери кои играат во силни лиги, одиме таму да ја играме нашата игра и да победиме. Не е исто како кога играте против големи репрезентации, играат затворено и колку побрзо постигнеме гол, толку полесно ќе биде за нас“, изјави Алими.
Натпреварот во Торшавн е на програмата в сабота со почеток во 15 часот.