Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените околу три недели, откако ги повреди препоните на тренингот со репрезентацијата на Шпанија до 21 година, јави ДПА.

Лопез (21) беше дел од првиот тим на Шпанија кој ова лето стана европски шампион, а потоа играше за олимпискиот тим кој ја освои титулата во Париз.

Фудбалерот на каталонскиот гигант се повреда на тренинг пред квалификациските дуели со Шкотска и Унгарија, по што се врати во Барселона на дополнителни прегледи.

„Прегледите покажаа дека Фермин Лопез има повреда на левата тетива. Тој ќе биде надвор од терените околу три недели“, објави Барселона.

Лопез е седмиот фудбалер на Барселона кој е надвор од теренот, приклучувајќи им се на листата повредени на Роналд Араухо, Андреас Кристенсен, Френки де Јонг, Гави, Марк Бернали и Ансу Фати.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2024 20:11