Нигерискиот фудбалер Виктор Осимен беше претставен како ново засилување на Галатасарај.
Напаѓачот му се приклучи на турскиот шампион на позајмица до крајот на сезоната, откако Наполи го отстрани од првиот тим.
Врската помеѓу Осимен и Наполи беше нарушена по непримерните најави на поранешниот шампион на Италија на сметка на својата ѕвезда.
Оттогаш Осимен бара нов ангажман, но безуспешно. Клубот од Неапол ги одби понудите кои ги сметаше за недоволно профитабилни, вклучувајќи ја и онаа на Челси на самиот крај на преодниот рок за поголемиот дел од Европа.
Галата ќе ја покрие целата плата од 10 милиони евра, а самиот Осимен има клаузула дека автоматски ќе биде ослободен во јануари доколку добие понуда од 10-те клубови кои ги навел во таа клаузула.
Осимен минатата сезона постигна 15 гола, иако во 22 наврати беше само стартер. Напаѓачот пристигна во Италија во 2020 година од Лил, а претходно играше за Шарлоа и Волфсбург.
Нигериецот даде огромен придонес во освојувањето на „Скудетото“ во сезоната 2022-2023.
Галатасарај ги забележа сите три победи на стартот од првенствената сезона и го зазема второто место во првенството. Лидер е Фенербахче кој одигра повеќе натпревари од градскиот ривал.