Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се номинирани за „Златната топка“. Двете најголеми ѕвезди на светскиот фудбал во 21 век не се најдоа на листата од 30 кандидати за наградата најдобар играч на годината според магазинот „Франс Фудбал“.

За прв пат по 2003 година, ниту Португалецот ниту Аргентинецот не беа номинирани за престижната награда.

Меси во кариерата 8 пати ја освојувал „Златната топка“, додека Роналдо со наградата триумфирал 5 пати.

Номинирани за „Златната топка“ во 2024 година:

Џуд Белингем (Реал Мадрид), Рубен Дијаз (Манчестер Сити), Фил Фоуден (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Гранит Џака (Баер Леверкузен), Артем Довбик (Жирона/Рома), Тони Крос (Реал Мадрид), Винисиус (Реал Мадрид), Дани Олмо (РБ Лајпциг/Барселона), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Мартин Одегард (Арсенал), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд/Рома), Родри (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн Минхен), Деклан Рајс (Арсенал), Витиња (Пари Сен Жермен), Кол Палмер (Челси), Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона), Букајо Сака (Арсенал), Хакан Чалханоглу (Интер), Вилијам Салиба (Арсенал), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен/Реал Мадрид), Лаутаро Мартинез (Интер Милан), Адемола Лукман (Аталанта), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Алекс Грималдо (Баер Леверкузен).

Победникот ќе биде објавен на церемонија на 28 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 05:26