Чаби Алонсо (Баер Леверкузен) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) се меѓу номинираните за најдобар тренер на годината на магазинот „Франс фудбал“.
Алонсо ги предводеше „аспирините“ до двојна круна (германски куп и титула), додека Анчелоти ги водеше „белите“ до нивниот 15-ти триумф во Лигата на шампионите и првото место во Примера дивизион.
Останатите номинирани се освојувачот на Лигата на Европа во 2024 година, Џанпјеро Гасперини (Аталанта), шампионот на Англија со Манчестер Сити - Пеп Гвардиола, Лионел Скалони кој ја предводеше Аргентина до трофејот на турнирот Копа Америка, како и Луис де ла Фуенте. - Европски шампион со Шпанија.
Победникот ќе биде објавен на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ на 28 октомври