Новиот играч на Јувентус, Франциско Консеисао го повреди мускулот на вчерашниот тренинг.

Поради повредата, Консеисао ќе ги пропушти следните натпревари на Јувентус против Емполи во Серија А и холандски ПСВ во Лигата на шампионите, објави денеска весникот Газета дело Спорт. Португалскиот репрезентативец денеска ќе биде подложен на прегледи за да се утврди колку точно ќе биде надвор од терените.

Консеисао (21) летово пристигна во Јувентус, како позајмен од Порто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 17:54