Вчера вечер, реонски парк во општина Ѓорче Петров беше исполнет со магијата на музиката и уметноста, благодарение на прекрасниот концерт организиран од општината, во соработка со Здружението за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства „Палиум“.
Настанот беше посветен на Меѓународниот ден на семејството, а преку нотите на музиката заедно покажавме дека радоста и љубовта кон семејството се нашата мотивација која не движи низ секојдневието.
„Ви се заблагодарувам на сите што дојдовте да уживате во настапите на Елена Андоновска, Дарко Билбиловски, Кристијан Бенито и трите Културно-уметнички друштва (КУД). Вашето присуство ја направи оваа вечер посебна и незаборавна.“ изјави Градоначалникот Александар Стојкоски.
Вашата поддршка и учество ја зголемија убавината на овој настан и допринесоа за неговата успешност. „Овој настан беше одличен пример за тоа како заедницата може да се сплоти преку културата и уметноста.“ додаде Стојкоски.
Денес продолжуваме во 1️9 часот на корзото во Ѓорче Петров со ,,Чалгии,,.
Очекувајте нови забавни и културни настани, како и спортски активности кои ќе продолжат да го збогатуваат нашиот општински живот