Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили денеска своите редови со искусниот 29-годишен српски фудбалер Немања Босанчиќ.

Српскиот интернационалец игра на позиција централен играч за врска, а во редовите на скопскиот прволигаш доаѓа од литвански Паневезис.

За Босанчиќ ова е враќање во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која настапуваше две сезони (2020/21 и 2021/22) како играч на Струга во чиј редови постигна десет голови и додаде 11 асистенции на 48 натпревари.

Претходно во кариерата Босанчиќ настапуваше за Инџија, Чачак, Колубара, Беране, Лахти и ДЛ Про. Вардар е претпоследен на табелата по воведните четири кола од новата сезона во ПМФЛ со три бодови



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 20:54