Капитенот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген прв пат по цели 12 години повторно ќе застане на голот на Германија на саботниот натпревар против Унгарија во Лигата на нации во Дизелдорф.

„Ова е мелем за моето срце“, рече Тер Штеген во четвртокот, кого германскиот селектор Јулијан Нагелсман го потврди како голман број еден по 12 години чекање во сенката на Мануел Ноер.

Ноер одлучи да се повлече од меѓународниот фудбал на крајот на август на 38-годишна возраст и конечно да му ги предаде ракавиците на Тер Штеген, кој на 32 – годишна возраст зад себе има само 40 натпревари за германската репрезентација, наспроти 124, на Ноер.

Пристигнувајќи во Каталонија во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, Тер Штеген ја освои Лигата на шампиони во 2015 година, како и пет титули во Ла Лига и пет шпански купови со Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2024 17:34