Лицето Д.С. (45) жител од село Долно Лакочереј синоќа околу 2 часот по полноќ влегол во продажен објект во село Ново Село со намера да изврши разбојништво при што со пиштол пукал во сопружниците Б.М (48) и М.М. (46), соопштија денеска од СВР Струмица.
Според информацијата од полицијата, разбојникот бил, фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица во Струмица.
- Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури, стои во информацијата од СВР Струмица.
Според информацииите од струмичката болница, жената со прострелна рана во стомакот е пренесена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а мажот со прострелна рана во ногата е задржан во струмичката болница.
По целосно документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава