Во првата биотехнолошка лабараторија која Град Скопје со поддршка на УНДП ја отвори во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ се одржа настан во организација на УНДП за иновативни програми за трансформација на биоотпадот и биотехнологии.
Градската биотехнолошка лабараторија генерира голем интерес кај научната заедница и приватниот сектор, како место за учење и експериментирање, но и запознавање со нови иновативни технологии.
Во рамките на денешната програма од настанот, учесниците за прв пат во Македонија имаа можност да работат со иновативни технологии, односно да се запознаат со примената на бактеријата SCOBY (Symbiotic Culture of Bacteria and Yeast) која го намалува времето на трансформација на биоотпадот и го трансформира биоотпадот во биоактивни материјали кои можат да се користат во други индустрии. На настанот организиран од УНДП, голем број домашни и меѓународни експерти дискутираа, експериментираа и презентираа позитивни практики од употребата на иновативни алатки и методи за трансформација на биоотпадот, циркуларната економија и други теми поврзани со оваа актуелна област