Државен натпревар во прва помош се одржал денеска во Скопје, организиран од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Учествувале 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови низ државата.

Како што потенцираа од Општина Ѓорче Петров, целта на овие активности е да се зголеми свеста за важноста од прва помош и да се обучат младите во вештини што можат да спасат животи.

На настанот присуствувале и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик - министерот за образование Лулзим Алиу.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2024 16:01