Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната.

Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2024 17:33