Јапонскиот производител на гуми Бриџстоун објави дека нема да го обнови партнерството со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за Олимписките и Параолимписките игри.

Договорот за спонзорство истекува на крајот на оваа година.

Бриџстоун го следеше чекорот на јапонските компании Тојота и Панасоник, кои, исто така, го повлекоа своето спонзорство.

Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2024 04:51