Во Општина Демир Хисар заврши изработката на мурал со наслов „Книгите – паметници на македонското слово“, поставен на северниот дел од зградата на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.
Муралот е дело на ликовниот уметник и професор по ликовна уметност Дијана Колонџоска и нејзините ученици, членови во ликовната секција на ООУ „Гоце Делчев“ и членови на ликовно творечките активности во ООУ „Крсте Петков Мисирков“.
- Муралот е посветен на роднокрајните демирхисарски писатели кои со нивните дела придонеле за зачувување и афирмирање на македонското слово, информираа од тамошната локална самоуправа.