УХМР најавува дека под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Според УХМР, особено ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.

Утре дневните температури во земјава ќе се движат од 15 до 29 степени, во сабота од 19 до 25, а во недела од 17 до 24 степени.

На почетокот на идната седмица времето ќе биде стабилно со сончеви периоди.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 19:24