Времето ќе биде променливо облачно со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2024 06:04