Македонско-американската алумни асоцијација, Универзитетот „Св. Климент Охридски” и Амбасадата на САД во земјава, а во рамките на проектот „Зајакнување на идните лидери – Партнерство на алумните и младите за промоција на граѓански вредности, во Битола одржаа панел дискусија на тема „Младите против корупцијата“.

Пред аудиториумот во овој град, Оливера Нечаковска, основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Битола, појасни за ризиците што ги носи корупцијата за општото добро и улогата на јавниот обвинител во кривичниот прогон на коруптивните дела, а за судските постапки, но и за улогата на јавноста и медиумите во борбата со корупцијата, говореше и Александар Камбовски, судија на Апелациониот суд Битола и член на Судскиот совет.

Во фокусот на дебатата во Битола, преку конкретни примери на корупција во образованието, урбанизмот и здравството, беа презентирани разорните ефекти на коруптивните практики врз секојдневното живеење.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2024 19:41