Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) објави дека финалето на Копа Либертадорес годинава ќе се одржи на „Естадио Монументал“ во Буенос Аирес на 30 ноември.
На 27 септември беа одредени полуфиналните двојки: Атлетико Минеиро - Ривер Плата Ботафаго - Пенарол.
Првите натпревари ќе се играат на 24 октомври, а реваншите на 31.
Минатата година финалето се играше на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. На тој натпревар Флуминенсе по продолженија ја победи Бока Јуниорс.