Кошаркарот на Макаби, Тамир Блат е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од регуларниот дел од сезоната 2024/25 во Евролигата.

Плејмејкерот на израелскиот тим му помогна да го совлада францускиот Лион-Вилербан (89:82) во првиот натпревар од сезоната во Евролигата, играјќи го својот најдобар натпревар во кариерата.

Дваесет и седумгодишниот Блат постави личен рекорд во поени (21) и асистенции (12) за само 29 минути на теренот. Блат шутираше 4 од 5 за 2 поени, 4 од 4 за тројка и 1 од 1 од линијата за слободни фрлања. Тој, исто така, имаше и 2 скока и 1 украдена топка.

Поради воената состојба во Израел, Макаби натпреварите како домаќин ги игра во Белград, Србија



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2024 05:36