Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни и на сообраќајни површини по завршувањето на Скопскиот маратон 2024

Како што соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје, отстранувањето на отпадот се одвивало во централното градско подрачје, на плоштадот Македонија, Кејот „13 Ноември“, улиците „Димитрија Чуповски“ и „11 Октомври“, како и на сите останати улици и булевари на патеката на маратонот, особено во реонот каде што беа поставени водните станици.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2024 17:37